Непишани правила на Фејсбук

Постојат некои непишани правила на Фејсбук кои би требало сите да ги знаеме и почитуваме. Сигурно откога ќе ги прочитате ќе се пронајдете, или пак некој од вашите Фејсбук пријатели.

Овие правила ги сочинуваат оние најиритирачките работи кои што луѓето ги прават по социјалните мрежи.

Проверете колку од нив навистина знаете и дали прекршувате некое правило:

Споделувањето на линкови и статии кои ви се допаднале и ви побудиле некое чувство е сосема во ред, но сѐ додека не навлегувате во религиски или политички теми. Шансите да бидете блокирани или избришани од нечија листа се поголеми доколку постирате или пишувате статуси од овие теми.

„Лајкување” на сопствениот статус - Она што многумина ги иритира е кога ќе видат дека некој си го „лајкнал” сопствениот статус. Тоа е непотребно, штом сте го напишале секако дека ви се допаѓа.

„Лајкување” на стари фотографии - Може да биде доста морничаво кога гледате дека некому му се допаднала вашата фотографија поставена пред неколку години. Зарем го пребарал и разгледал целиот профил?

Приватни разговори во коментари - За приватни разговори постои мобилниот, но и приватното сандаче. Зошто сите останати да ги читаат вашите приватни разговори во коментари?

Селфи - Најголемиот тренд во последно време се токму селфи фотографиите. Правите неколку фотки додека ја добиете онаа што ви се допаѓа, но сепак поставувате многу селфи фотографии со различни изрази на лицето. Една селфи фотографија е сосема доволна.

 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега