Последната порака на трудницата која почина - кој е виновен?
Исидора Маринковиќ имала само 20 години, а почина во осмиот месец од бременоста. За жал, покрај младата девојка, заедно со неа почина и нејзиното неродено бебенце. Обдукцијата покажала дека трудницата починала од покачена температура, и проблеми со срцето.
Како што дознава српскиот Курир, се било во ред со здравјето на бебето и мајката се до понеделникот кога кчила висока температура.
- Исидора се жалеше на болки во грлото и многу кашлаше. И ставија инфузија, и направија испитувања, се надваа дека ќе и биде подобро, вели извор.
Од друга страна, семејстовот на младата девојка ги обвинува лекарите. Тие велат дека девојката не била добро, а никој не се грижел за неа, и неколку пати им испратила порака дека се гуши, но никој не доаѓа да и помогне.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа