Камерунецот Чумбе не ги задоволи критериумите на Вардар
Камерунецот Седрик Чумбе, кој беше на проба во Вардар во изминатиов период, денеска е пуштен да си бара нова средина.
-Чумбе максимално ги исполнуваше задачите на тренинзите, меѓутоа квалитетот не му е за во Вардар. Особено што тој доаѓа од странство и странците секогаш треба да бидат за неколку нивоа подобри од она што го имаме во моментов. Мислам дека не беше подобар од нашите фудбалери и затоа се одлучивме да го ослободиме, изјави шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев за официјалната интернет страница на Вардар.
Вардаровиот дефанзивец, пак, Стојан Стојчевски денеска ја напушти базата на „црвено-црните“ во Белек, и се врати во Македонија. Причината за ваков чекор е што раководството на нашиот тим се договори со Тетекс да го пушти играчот како отстапен до крајот на сезоната.
И натаму трае пробата на Русинот Денис Талалај и уште нема дефинитивна одлука за негов евентуален ангажман.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа