Милан Калиниќ наместо во затвор, се враќа пред камерите

Популарниот српски актер и водител Милан Калиниќ, наместо во затвор по сообраќајката која ја имаше на 1 февруари близу Копаоник, се враќа пред камерите.

Милан Калиниќ во студиото во Шимановци, заедно со своите колеги Андрија Милошевиќ, Драган Маринковиќ Маца, Марко Живиќ, Катарина Марковиќ и Душица Јаковљевиќ, ја снимаат „Аудиција“, една од најгледаните емисии во Србија.

Да потсетиме Милан по директниот судир со тројца унгарски државјани доживеа шок, поради што се претпоставуваше дека ќе направи пауза од камерите.

Водителот сепак успеа да собере сила и да се врати на работа по советувањето со психолог. 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега