Детали за големиот пожар во Велес: Во болница и пожарникар и возачот од Итната помош
Шест лица се повредени, една старица го загуби животот, две куќи се игорени и шивачка работилница во голем пожар што се случи синоќа во Велес.
Во месноста Дворови на улица „Ѓоре Органџиев“ во Велес ноќеска околу 12 часот и 30 минути избил голем пожар во куќата на семејството Бошкови. Со пожарот потоа била зафатена уште една куќа, како и шивачката работилница на Рашето, во која целосно изгорела опремата и репроматеријалите. Во едната од куќите животот во пожарот го изгубила постара жена.
При интервенцијата еден од пожарникарите, од експлозија на боца со плин е повреден и пренесен во болница. При интервенција возачот на Итната помош, кој бил службено таму, се лизнал на водата која подмрзнала од ниската температура и има скршеница на ногата.
- Шест лица биле примени во велешката болница, од нив четворица се пуштени дома по укажаната помош, а двајца со помали изгореници се се уште во болницата, инфомира потпаролот Силвана Мишкова.
Како што е најавено, изгорените куќи денеска ќе ги посети министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.
Оцени ја веста
10.02.2015 - 10:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа