Револтирана битолчанка бара помош: Сестра ми го крие богатството на кралицата Kлеопатра
Сакам да ја пријавам сестра ми. Цел живот немаше пари, одеднаш по смртта на мажот има станови и куќи. Барам државата да ми објасни од каде се парите. А ако и се од, како што сонував, богатството на Kлеопатра, кралицата македонска, земете и го. Тоа и припаѓа на Република Македонија, рекла револтирана средовечна битолчанка, која се јавила на бројот 198 во центарот за повици на Управата за јавни приходи, пренесува Дневник.
- Значи, и остави трoсобен стан на ќерката и двособен стан и куќа на синот. Ме интересира бидејќи мене како шесто дете, моите не ми оставиле ниту влакно од главата. Сигурно затајувале данок, имаа фирма за бели печива. Мора да ми откриете од каде се нејзе парите кога цел живот позајмува од мене, а јас немам ни да јадам – објаснила сестрата.
Гласот од операторот едвај се разбрал со револтираната битолчанка дека, дека треба да пријави нешто конкретно за да може да постапуваат по нејзиниот повик. Откако се објасниле дека нема основа за пријавата, дека фирмата е затворена, жената побарала државата да провери дали е вистина тоа што го сонила дека сестра и го има богатството од древната египетска кралица со македонско потекло, објавува Дневник.
Според весникот, операторите во кол-центарот на УЈП добиваат секакви повици за помош. Граѓаните најчесто пријавуваат неиздавање фискални сметки, затајување данок на даночен обврзник, неисплатена плата, непрофесионално однесување на даночници, а има и лажни пријави. Од УЈП велат дека е загарантирана анонимноста на тој што пријавува.
Пријавите кои простигнуваат на 198 понекогаш и им помагаат на институциите, особено кога се во тек акции на даночните инспектори.