Пешак тешко повреден на скопските улици - уште една немирна ноќ

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно пет сообраќајна незгоди, од кои четири се со последица материјална штета и една е со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот, како и 20 возачи кои со возилото непрописно се паркирале пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото. 

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 55 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега