Вардар се засили со Сенијад Ибричиќ

 
Босанецот Сенијад Ибричиќ е новото засилување за најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар. 
Поранешниот фудбалер на сплитски Хајдук, Локомотив Москва, откако изминатиов викенд ги мина лекарските прегледи, денеска и официјално потпиша договор со ФК Вардар.
 
Тој е петто засилување за актуелниот лидер во македонската Прва лига, во зимскиот преоден рок, по, Томе Пачовски, Стефан Спировски и Дејан Блажевски, а од претходно го доведе и Горан Попов.
 
„Ми кажаа многу убави зборови за Вардар. Разговарав со неколку луѓе кои ги прашав за Вардар и навистина станува збор за амбициозен тим, кој сака да направи успеси и да се развива. Мислам дека тоа беше доволен мотив, и сметам дека направив вистинска работа што дојдов во Вардар. Станува збор за голем проект за кој јас ќе дадам се од себе да биде успешно реализиран. Иако имав понуди од други клубови, за мене Вардар преставува еден вид нов предизвик. Мислам дека не погрешив со моето доаѓање тука. За Вардар не знам од сега, туку од многу порано. Беше еден од најголемите во поранешната Југославија, и знам дека тоа е најпознатиот клуб од Македонија. Мене ми е драго што ми се даде шанса да бидам дел од овој тим. Исто така видов дека беа ангажирани многу добри фудбалери, познати имиња, репрезентативци’’, изјави Ибричиќ.
 
29-годишниот Ибичиќ зад себе има богата кариера, почнувајќи во екипата на Подгрмеч, преки Загреб, Хајдук, Локомотив Москва, па во турските екипи, Газиентепспор, Сасимпаша и Ерчиеспор.
 
За репрезентацијата на Босна и херцеговина тој досега има одиграно 42 натпревари на кои постигнал 4 гола.
 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега