Хуманитарна акција во Виена за настраданите од поплавите во Македонија
Во Австрија во тек е акција за помош на настраданите од големите поплави што зафатија делови од Република Македонија.
На апелот за помош што го упати македонската Амбасада во Виена се одѕваа повеќе македонски организации и поединци од Австрија, а парични средства донираше и Управата на македонската црковна општина Свети Наум Охридски од Виена, како и задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Австрија.
Во просториите на црквата во Виена оваа сабота ќе се одржи и концерт, а сиот приход ќе биде наменет за настраданите од поплавите.
Кон акцијата за прибирање помош се вклучи и Австриско-македонското друштво за пријателство, информираат од македонската Амбасада.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа