Лисенко: Руски конвој со оружје и војници ја мина границата со Украина
Најмалку 1.500 руски војници и конвој со воена опрема во текот на викендот влегле во Украина, соопшти денеска украинската армија.
Портпаролот на украинската војска, Андреј Лисенско, на новинарите им изјави дека 1.500 руски војници и 300 парчиња воена опрема, вклучувајќи го ракетниот систем „Град“, меѓу 7 и 8 февруари ја минале украинско-руската граница.
- Околу 170 возила, вклучувајќи камиони, цистерни и автомобили, исто така ја минале границата, додаде Лисенско.
Француските медиуми потсетуваат дека официјален Киев и Западот ја обвинуваат Москва дека ги снабдува проруските сили со опрема и борци за да се борат против украинската војска на истокот на земјата, што Русија го негира, наведувајќи дека за таквите изјави немааат никакви докази.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа