Бев во врска со министер: Ме мачеше со садо-мазо само за да се возбуди

 

Министерот во заминување го запознав пред една година, бевме излезено во исто друштво. По неколку дена ми испрати смс и така започнавме да се допишуваме. Пред да се видиме, секој ден разменувавме десетици пораки преку Вибер. По пораките изгледаше вљубено и мислев дека сум му битна.

Го сакав повеќе од себе си и одлучив дека ќе сторам сè за да биде среќен покрај мене и дека ќе му ги разбијам предрасудите за жените. Не прифатив скапи подароци, вечери, патувања. Само сакав да види колку ми е важен тој, а не материјалните работи и задоволства.

Кога дојде време да имаме секс, ми призна дека има проблеми со ерекцијата и да имам трпение. Наместо предигра, почнуваше да зборува за лезбејки, за хомосексуалци, за групен секс и слично. Така, во една прилика ми кажа дека единствено го возбудува кога гледа порничи и тоа од оние во кои има брутални сцени во кои некој доминира.

По неколку средби и ајде да речеме неуспешни сексуални односи ми призна дека има потреба да ме повредува во кревет, но само во кревет, и дека многу би му значело кога би му помогнала за ерекцијата.

Бидејќи многу го сакав, а и секогаш беше внимателен со мене, бев во ссотојба сѐ да направам за него. Во прв момент имав чувство дека тоа и не е некаков проблем, зашто сите мажи сакаат да доминираат во кревет. Една вечер донесе лисици и доброволно прифатив да ми ги стави, не претпоставувајќи што може да се случи. Со мене се изживуваше најмалку три часа, а на секоја моја солза следеа куп бакнежи. Емоциите ми беа измешани. Го сакав и го мразев истовремено. Наредните неколку дена беше прекрасен, среќен, расположен. Изгледаше дека сè е како што треба.

По извесно време од мене побара во нашиот кревет да воведеме трета личност. По многу кавги и негодувања се согласив, но под услов ако почувствувам дека не ми е убаво, да престанеме.

Создаде таков амбиент што знаев дека ќе ми се налути и ќе ме остави ако престанам. Се гледаше дека на девојката која беше со нас ова не ѝ е првпат и дека многу добро се познаваат, дека се уиграни. Сфатив дека сум вовлечена во одвратна игра, која морам да на напуштам.

Се обидов да го избегнувам, но беше многу наметлив и на разни начини се обидуваше да ми покаже дека му значам. Знаеше за мене да седне во кола и среде ноќ да помине 150 километри. Ми испраќаше големи букети на врата, ми нарачуваше песни, од Лондон ми донесе срце на кое пишуваше „Биди моја“. После тоа потклекнав и се вратив во пеколот од кој излегов и во него се задржав уште осум месеци.

Неговата доминација и перверзиите во кревет ме убија во поим. Тотално отапев. Уби сѐ што имаше живо во мене. И љубов. И радост.

Сега сум сама. Веќе два месеци. Сѐ уште се обидува да ме врати на разни начини, но овој пат нема да се премислам. Ова што го читате е производ на заканите што му ги упатив, дека ако продолжи да ме малтретира, ќе ја споделам приказната со јавноста. И ова е првиот чекор. Следниот пат ќе кажам како се вика министерот од мојава приказна.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега