Борко Ристовски: Лажните патриоти од Металург со отказите ни ја отежнаа работата - некои плачеа пред мечот

 

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски кој беше јунак на мечот со Португалија со фантастични 12 одбрани, не штедеше зборови на прес конференцијата по мечот за лажниот патриотизам кој владее во Металург. Имено пред натпреварот на неколку ракометари од овој клуб им беа врачени откази, а Борко зборуваше за тоа како некои од нив дури и плачеа, што само дополнително им ја отежнала работата во пресрет на најважниот натпревар за пласман на престојното ЕП во Данска. Но и покрај ваквиот дополнителен притисок нашите ракометари блеснаа на натпреварот. 

„Можеби фановите очекуваа лесен триумф, што впрочем и самиот резултат го покажува тоа, но беше тешко. Тие имаат одличен тим, можеби и тие заслужија да се најдат на европско првенство. Ова е голема победа за Македонија по многу тешки услови и се надевам дека еден ден ќе излезат на површина сите наши проблеми. Пред мечот настана раздор во репрезентацијата со отказите за 5-6 репрезентативци од Металург. Тоа е правата вистина и веќе некое време ни ја сервираат приказната за лажни патриоти. Тоа внесе нервоза, некои пред мечот и плачеа од нервоза, но оваа победа има голема тежина, рече Борко Ристовски на прес-конферција.

ФОТО: sportskatreska.com

најчитано сега