Нови поплави: Се излеа Вардар
Покрај поплавените земјоделски површини кај Мрзенци, зголемениот водостој на реката Вардар го поплави и источното крајбрежје кај Милци, во непосредна близина на границата со Грција, соопштуваат од општинскиот кризен штаб за заштита и спасување.
Околното земјиште и мото-крос патеката кај Гевгелија се целосно под вода, а синоќа била поплавена и платформата на дискотеката „Де факто“ која е изградена над реката.
Од општинскиот штаб за заштита и спасување информираа дека состојбата постојано се следи и нагласија дека освен на реката Вардар,на другите реки и одводни канали во општина Гевгелија нема проблеми бидејќи планинската вода која беше причина за надојдување, се повлече.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа