Приведени 880 косовски мигранти
Унгарската полиција привела во текот на вчерашниот ден 937 мигранти кои илегално ја преминале српско-унгарската граница, од кои 880 се косовски Албанци, пренесува МИА.
Останатите уапсени се Авганистанци, Конгоанци, Сиријци и по еден жител на Гана и Нигерија.
Косовските Албанци поднеле барања за азил. Во изминатите три дена унгарската полиција во илегално преминување на границата привела повеќе од 2.000 имигранти меѓу кои најмногу биле жители на Косово, објави МИА.
Според медиумите, унгарските органи ги зајакнале контролите и во внатрешноста на државата и во измиатите три дена околу 250 косовски Албанци биле „симнати“ од брзи возови во Будимпешта.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа