Македонскиот пратеник ја донираше целата плата за помош на поплавените

 

Пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ тукушто ја донираше целата пратеничка плата за помош на поплавените во Македонија.

 

- Секогаш сме тука да помогнеме кога е потребно, особено во тешки ситуации кога на луѓето навистина им е потребна помош. Знам како им е на поплавените, помагав на терен исто како што лани помагав и во Србија кога се случија големите поплави, изјави Стољиковиќ за Вечер.

Тој се надева дека неговиот пример ќе го следат и други.

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега