Пусиќ: Се што е штетно за Македонија е штетно и за регионот

 
Министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, изрази сериозна загриженост за случајот Пуч во кој лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, со помош на компромитирачки материјали добиени од странски разузнавачки служби се обидел да го уценува премиерот Никола Груевски. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, пораката на шефицата на хрватската дипломатија е дека се работи за случај, кој и нанесува штета на Македонија што се одразува и на регионот.
 
- Знаете дека Хрватска е заинтересирана и го поддржува напредокот на сите држави од Југоисточна Европа и од нашиот регион кон Европската унија. Затоа, сметаме дека се што и наштетува и е штетно за Македонија, дека тоа е штетно и за регионот, децидна е Пусиќ во изјава за МИА.
 
Изјавата на хрватската министерка за надворешни работи, доаѓа пред денешниот Совет за општи работи на Европската унија на кој присуствуваат шефовите на дипломатиите на сите ЕУ-земји. Пред почетокот на овој состанок, словачкиот министер Мирослав Лајчак, исто така во изјава за МИА, побара да се почитуваат законите и демократските принципи во Република Македонија.
 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега