Кејти Пери обвинета за „флертување со ѓаволот“
Настапот на Кејти Пери на овогодишниот американски Супер боул, очигледно ќе остане тема на расправа уште долго време.
Имено, основачката на христијанскиот блог „Мисија Америка“, што се занимава со „коментирање на случувањата во општетсвото и културата“, Линда Харви обвини дека за време на овој настап Кејти „повикувала на опседнување од демонот“ и дека промовирала „хомосексуална програма“.
- Сексуалната збунетост е природен пријател на духовната деградација. На нејзиниот флерт со ѓаволот, се надоврза и промовирањето на тематска музика за поддршка на движењето кое постои долго време пред неа. (Песната) „I Kissed A Girl“ („Јас бакнав девојка“) претставува дозвола за секс и повик за хетеросексуалците кои екпериментираат со хомосексуалното однесување, да направат еден чекор понатаму, наведе Харви на својот блог.
Според неа, доколку се случи спротивното и „една позната хомосексуалка пее дека бакнала момче и дека тоа и се допаднало“, тогаш во јавноста ќе се појават обвинувања дека таа песна е „полна со омраза и претставува десничарски екстремизам“.
- Но, ѓаволот и неговите портпароли се грижат такво нешто никогаш да не се случи, заклучи Харви во својот текст за осуда на Кејт Пери
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа