Од полноќ нова цена на горивата во Македонија
Цените на нафтата продолжи да расте. Барел американска „лесна“ нафта за испораката во март на берзата во Њујорк е поскап за 90 центи и се продава по цена од 51, 38 долари, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон е поскап за 84 центи и сега чини 57, 41 долар, пренесе агенцијата Франс прес.
- Колебањето во цените на нафтата пред се е мотивирано од вестите што се однесуваат на податоците за залихите, а таквата променливост најверојатно ќе опстане и денеска по објавувањето на податоците за бројот на нафтените ископувања во САД, изјави аналитичар за агенцијата.
Заклучно со 30-ти јануари бројот на нафтени ископувања во САД е намален за 94, од 2.393 на 1.223, во однос на истиот период минатата година.
Оттука, голема е веројатноста од полноќ, Регулаторната комисија за енергетика да ги покачи малопродажните цени на натените деривати во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа