Убиен Македонецот Јован Козаров - осомничен неговиот син Роџер
62- годишниот Јован Козаров бил убиен во неговиот дом во Janet Cres, близу Мелбурн, околу 9 часот ова утро, јавува порталот Фаланга.
Неговатa сопруга прва го открила и случајот го пријавила во полиција.
Парот има керка Биљана и син Роџер и живеат во нивната семејна кука. 38 годишниот Роџер Козаров, син на убиениот, првично бил уапсен во локалниот хотел, набрзо по истрагата за убиството.
Откако бил сослушан бил пуштен дома, но портпаролот на Викториската полиција Sen-Constable Adam West рече дека во сабота ке излезе пред истражен судија во судот во Мелбурн.
Оцени ја веста
08.02.2015 - 22:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа