Ретко пореметување предизвикало голем проблем: Му останале уште само 100 оргазми?

 

Еден маж, кој се претставил само како РЛС, открил дека боледува од ретко пореметување, кое постепено ја намалува неговата моќ за ерекција. Тој тврди дека му останале уште 100 оргазми, пред целосно да ја изгуби секоја можност за сексуално задоволство.

Поради ова пореметување, после секоја ејакулација во неговиот пенис се создавало цврсто ткиво. Тој за сајтот „BroBible“ изјавил дека оваа автоимуна реакција на крајот ќе оневозможи нормално функционирање на неговиот полов орган.

Како што рекол, лекарите неговата состојба ја нарекле „идиопатска фиброза корпора кавернос“. Tоа обично ги погодува мажите постари од 40 години, иако проблемот можел да се јави и кај помлади мажи.

РЛС поради овој проблем избегнувал мастурбација, спиел само со една жена, и тоа еднаш.

„Сексот за мене е нешто застрашувачко. Откако дознав за оваа дијагноза, спиев само со една жена. Кога сакаше да го повториме сексот, јас доживеав напад на паника“, раскажал тој.

Како што кажал РЛС, тој никогаш не користел сауна, никогаш не носел тесна долна облека, никогаш не добил удар во предел на пенисот. Се помирил со фактот дека набрзо ќе остане импотентен, но не знаел како да се справи со тоа.

И додека тој тврди дека докторите му го откриле бројот на преостанати оргазми и дека е првиот пациент со ваков проблем, многу британски експерти велат дека таков број е невозможно да се определи.

Рај Персад, уролог од „Bristol Royal Infirmary“, изјавил дека кај РЛС можеби станува збор за фиброза која оневозможува нормална циркулација на крвта низ половиот орган. Одредени лекари истакнале дека веројатно се работи за Перјониева болест, која е проследена со закривен пенис и болни ерекции. Исто така, тие истакнале дека не разбираат како циркулацијата на крв во пенисот може да доведе до некоја автоимуна реакција.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега