Секс скандал го стресе Манчестер Јунајтед
Раководството на Манчестер Јунајтед започна внатрешна истрага за однесувањето на неколку играчи, кои ги нарушиле етичките правила на однесување.
Причината за ваква истрага, како што пишуваат британските медиуми, е видео снимка на која фудбалер на клубот, чие име се уште се држи во тајност, имал сексуални односи со 20 годишна девојка во тоалет на еден ноќен клуб во Манчестер.
Останатите играчи кои биле присутни со своите мобилни телефони го снимале нивниот клупски колега и девојката. Потоа видеото го покажале и на останатите играчи на овој тим.
Оцени ја веста
08.02.2015 - 15:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа