АМСМ препорачува внимателно возење на патниот правец А2 Хиподром - Сарај
- Авто-мото сојузот на Македонија препорачува внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 км/ч. на патниот правец А2 Хиподром - Сарај (Обиколница на Скопје), на седми километар кај Смилковци поради излевање вода на коловозот во двата правци во должина од 10 - 15 метри.
Од АМСМ наведуваат дека поставена е соодветна сообраќајна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.
Оцени ја веста
06.02.2015 - 17:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа