Македонците од Австралија во хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја
Македонците од Австралија се сплотија со хумана мисла да им помогнат на македонските граѓани кои претрпеа штета од поплавите и невремето кое ја зафати нашата земја.
-Трогнати од ситуацијата во која се наоѓа нашата татковина, трогнати од секојдневните снимки кои се пласираат преку сретствата за јавно информирање, природата покажа дека е посилна од човекот, носејќи се пред себе.ЗК на ВМРО-ДПМНЕ од Перт, Западна Австралија во соработка со МАК ФМ радиото, Македонските Организации, Културно Уметнички Друштва, Црковната Општина Свети Никола, македонски бизнисмени, одпочнаа хуманитарна акција и со тоа се приклучија на апелот на Амбасадата на Република Македонија од Камбера како и Генералниот Конзулат од Мелбурн, стои во нивното соопштение.
Македонците од дијаспората уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност, но пред се љубовта кон својата Татковина, Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа