Ски-центар ќе се гради над Вевчани - спремете се за снежни лудории

 

Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски, денеска се сретна со словачкиот амбасадор во Република Македонија Мартин Безак. На средбата во Вевчани присуствуваа и сопствениците на Словачката компанија „Татралифт“ која е заинтересирана да инвестира во изградба на ски-центар на планината Јабланица.

- Ова е прва официјална посета на словачкиот амбасадор Безак на општина Вевчани, а претставниците на компанијата „Татралифт“ доаѓаат втор пат во Вевчани. Се разговараше за досегашните активности и идните планови за развој на општина Вевчани, а особен акцент се стави за развој на алтернативниот, планинскиот и зимскиот туризам во Вевчани. Се направи и презентација на физибилити студијата за изградба на ски центар на планината Јабланица, изјави Угриноски и појасни дека физибилити студијата за изградба на ски-центар на Јабланица ја изработи француска компанија од Гренобл.

- Владата на Република Македонија треба да даде зелено светло за мастер-планот, а потоа да започне и изградбата на скијачкиот центар. Неговата изградба ќе значи развој на зимскиот туризам не само во Вевчани, туку и во Охридско-струшки регион, појасни вевчанскиот градоначалник.

Современиот ски центар на Јабланица ќе се гради на месноста Јанков Камен над Вевчани. Тука е планирано да никне викенд населба, хотели и три и пол километри долг скијачки лифт.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 16:04
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега