Уживајте во патриотски песни - фестивал „Гоце Фест 2015“

На сцената на Центарот за култура од Крива Паланка, под покровителство на општината утре вечер во 19 часот ќе се одржи првата вечер на фестивалот „Гоце Фест 2015 “. 
 
- Трета година по ред кривопаланчани ќе имаат можност да проследат една од трите фестивалски вечери на најпознатиот фестивал на нови родољубиви и патриотски песни „Гоце Фест“. И годинава во Центарот за култура ќе гостуваат многу познати изведувачи на македонска народна песна, ќе интерпретираат песни напишани од еминентни автори, изјави Александар Рангелов, директор на Центарот за култура, Крива Паланка. 
 
Дваесет и шестото издание на „Гоце фест“ ќе понуди нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика од богатото историско минато на македонскиот народ.
  
Традицијата првата фестивалска вечер да се одржува во нашиот град започна во 2013 година, а нашите сограѓани имаат ретка можност да уживаат во настапите на Круме Спасовски, Орце Стефковски, Ванчо Тарабунов и наши пејачи од дијаспората кои специјално за фестивалот се враќаат во татковината, рече Рангелов.
 
 Влезот за сите посетители е слободен. - Ги повикувам кривопаланчани да присуствуваат на настанот во што поголем број, бидејќи ова е настан што го  одбележува почетокот на богатата понуда  културни збиднувања годинава, нагласи Рангелов. 
 
Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора „Гоце Делчев“. 
 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега