Небото се отвори - 17 литри дожд за шест часа во Кавадарци

 

За шест часа во Кавадарци наврнаа 17 литри вода на метар квадратен, соопшти денеска Доне Илов од метеоролошката станица во овој град.

- До 13 часот во општина Кавадарци на мерното место на метеоролошката станица се измерени 17 литри нов воден талог, кој наврна денеска почнувајќи од шест часот изутрина. За неполн ден ова е голема количина вода, иако имало примери кога за само еден ден врнеле и до 50 литри дожд. Рекордите се постигнати и затоа, секоја нова количина дожд, не е добредојдена. Има штети во земјоделството и сообраќајот, рече Илов.

Тој нагласи дека редовно се следи состојбата за навремено информирање на надлежните и јавноста. 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега