Магла на Плетвар, одрони на повеќе патишта - возачи не ја пропуштајте информацијава

Поради појава на магла видливоста на планинскиот премин Плетвар е намалена од 70 до 100 метри. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, како и на планинските премини Буково и Ѓавато, информира во денешниот пладневен извештај Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). 

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопотп оради голем одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, за што има поставено сообраќајна сигнализација. На патот Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е во целосен прекин за секаков вид моторни возила и се пренасочува преку Виница - Берово и Делчево.

Одрон се уште го попречува сообраќајот на патот Близанско - Козјак на 1,6 километар после браната, а излеаната вода од Вардар сообраќајот на Марвинци – Гевгелија. Непроменета е и состојбата на патиштата Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци, каде се попуштени мостовите на реката Брегалница, а алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и се одвива преку село Подареш-Радовиш.

Регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид сообраќај. Поради висок водостој затворен е за сообраќај и патниот правец Битола-Старавина, на 8 километри пред село Новаци. 

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега