Хуманитарен концерт во Охрид за поплавените подрачја
Охрид се приклучува кон иницијативата за собирање помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија.
За таа цел в недела во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт, на кој ќе настапат охридски уметници и групи меѓу кои „Камелеон“, Ѓоко Танески, „The Backdoor Band“, Дамјан Пејчиноски, „Романса“, „Street Spirit“, „Betty’s Boobs“, Ирма Гогова, Натали Илијоска во придружба на Виктор Јолакоски и Ангела Николоска.
Поддржувачи на концертот се Labino Sound, НУЦК „Григор Прличев“, Печатница НИПОН, Лајонс клубовите од Охрид, Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ од Охрид и охридскиот Локален совет на млади.
Инаку, акции за помош на населението во настраданите подрачја самоиницијативно покренаа и учениците од повеќе основни и средни училишта од градот, како и повеќе здруженија, претпријатија, граѓани...
До општинската организација на „Црвениот крст“ помош понудија и збратимените организации на Црвен крст од Ужице и Крагуевац.
Еден шлепер со пакувана вода за пиење е испратен за Новаци, односно за најзагрозеното подрачје во битолскиот крај.
Сашо Точков од охридскиот „Црвен крст“ нагласи дека согласно апелот на националниот „Црвен крст“, засега нема потреба од масовно вклучување на граѓаните, а пред се, апелот се однесува на фирми и компании да донираат oдредени продукти како флаширана вода за пиење и средства за хигиена, додека граѓаните се упатуваат да помогнат преку веќе објавените телефонси броеви затоа што засега нема потреба од други продукти што „Црвениот крст“ ги има во доволни количини.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа