Поплавени главните градски улици во Велес - будно се следи состојбата

 

Поради обините дождови целосно се поплавени главните градски улици во Велес и отежнато се одвива сообраќајот. Според експертите, причина за поплавувањето е нерешената атмосферска канализација којашто придонесува дождовницата од улиците во високиот дел од градот да се слева на пониските улици.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, моментално состојбата во Велес и Велешко е под контрола и засега нема излевање на реките и поплавување.

- Кризниот штаб и општина Велес се на терен и ја следат состојбата. Во координација со нас се и од Регионалниот центар за справување со кризи со цел навреме да се реагира ако има потреба,  информира Златко Костов.

Тој нагласи дека посебно се следи состојбата на критичните места на мостовите на Вардар во Велес, кај Башино Село, како и кај Автобуската станица и Градскиот пазар и населбата Речани. На овие места се поставени и вреќи со песок како заштита од излевање на Вардар.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 13:16
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега