Потврдено: Металург останува без цел тим - што се случува?
Претседателот на Металург Левче Китевски на денешната прес-конференција во пресрет на мечот против Војводина во рамките од СЕХА лигата потврди дека сите репрезентативци ќе го напуштат тимот.
-Не би сакал да се шпекулира, па официјално ќе ви кажам со што се соочува клубот во моментов. Од Металург си заминуваат Мојсоски Димовски, браќата Маркоски, Георгиевски, Миркуловски, Јоноски и Манасков. Се уште е неизвесна иднината на Вугринец, за кого подетални информации ќе имаме во текот на денот, вели Левче Китевски.
Китевски воедно им се заблагодари на сите ракометари кои заминуваат за сето она што го сториле за Металург и потенцираше дека доколку финансиската состојба во тимот се среди, секако дека на дел од нив ќе им биде понудено враќање во тимот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа