ПОМОШ: Турска фирма ќе донира за поплавените региони
Турската фирма Левидиа која е присутна на македонскиот пазар, најде вистински начин како да им помогне на лицата од поплавените подрачја.
Водата им ги однесе на одгледувачите садниците од кои тие се хранеа, но и заработуваа.
Левидиа ја контактираше редакцијата на Курир и не информира дека стои на располагање да донира одреден број на овошни дрвца во оние краишта кои што се најмногу погодени од катастрофалните штети предизвикани од невремето, во координација со МЗШВ.
Лицата кои се обратиле до Министерството за земјоделие и пријавиле штета, ќе бидат обештетени со нови овошни дрвца во согласност со нашите можности.
Иницијативата произлезе од г-дин Маријан Софрониески, вработен во Македонскиот конзулат во Истанбул кој безрезервно ја поддржува нашата фирма Левидиа која е директна инвестиција од Република Турција.
Семејствата и фармерите директно погодени од новонастанатите штети може да се обратат на телефонскиот број 076/369-108 или levidia@levidia.com.mk за адекватна замена на овошните дрвца како и понатака за совет и консултации за помош.
Целокупната донација ќе се одвива во координација со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопонаство на Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа