Македонец освои второ место за анимиран филм во Франција

 

Македонскиот автор на цртани филмови Александар Џони-Шопов кој живее во Париз, ја доби втората награда на конкурсот на Dailymotion за краток анимиран филм на Меѓународниот фестивал за анимиран филм во Анеси, Франција.

- По пет години работа во повеќе продуцентски куќи, првпат се пријавив на конкурс со самостоен проект и добив награда. Темата на конкурсот, „Нозете во вода, главата во слики“ ме инспирираше да направам комична критика на светот во кој живееме и во кој доминира сликата. Приказната на Pictureless е следнава: еден ден, во малиот град Анси се појавува „мрачниот демон на мракот“ и им го краде на граѓаните она што им е најдрагоцено, не семејството и пријателите, туку сликите. Одеднаш граѓаните не можат веќе да играат видео игри или да гледаат телевизија, па мораат да се занимаваат со други активности-музика, спорт, сликарство..., изјави триесетгодишниот Шопов.

Филмот може да се погледне на http://www.dailymotion.com/video/xyzvcb_pictureless-concours-annecy-2013-de-courts_creation#.UZTsAsprh8E

Трите први награди ги додели жири составено од американскиот режисер Бил Плимптон, генералниот директор на Cartoon Network Studios (Калифорнија) Брајан А. Милер и главниот уредник на културната редакција на TV 20 Minutes, Стефан Леблан.

најчитано сега