Не престанува да врне: Битолско се подготвува за поплава - ситуацијата неизвесна

 

Битола: Ситуацијата во Битола е во се уште неизвесна состојба дождот не прекинува да врне. Сите јавни претпријатија на општините се ставени во функција на правење на насипи. Со пробивање на патот се спаси с. Новаци од поплавување, водостојот се уште се одржува на приближно исто ниво како и вчера. Багерите кои се вклучени активно се уште работат на терен.Денес со 15 пумпи се врши испумпување на водата и се припрема чамец со кој ке бидат префрлени работници од ЕВН за да пуштат струја во с. Гнеотино.

Македонски Брод : Со наварнувањето на новиот снег кој е многу влажен повторно предизвика прекин во електричната енергија во Општина  Пласница. Поради топење на снегот водостојот на реките во Македонски Брод се со благо покачување.

Штип: Водотеците на реките на територијата на општините Штип и Карбинци полека се нормализираат. Поради поплавување на бунарите за пиење вода, водата во Општина Штип се уште не е за пиење. Во Ново Село р. Брегалницае во рамките на своето течение и нема поплавување на куќи. Градежните машини се сеуште активни во санирањето на речните корита.

Кочани: Реките во општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево се во опаѓање освен р. Брегалница кое е на повисоко ниво но без опасност од излевање. Водата се уште не е за пиење.Мостот на р. Брегалница на потегот Кочани Зрновци е забранет за користење на мот. Возила и за пешаци. Патот с. Прибачево од страна на оризари е во прекин.

Општина Зрновци комплетно е отсечена од Кочани

 Градежната механизација која е ангажирана од ДЗС се уште е активна.

Пробиштип- Реките во општина Пробиштип се во опаѓање во моментот се врши подготовка за транспорт на градежната механизација во с. Трипатанци за санирање на насипот од левата и десната страна на Злетовска река .Свлечиштето на регионалниот пат Киселица – Злетово е сеуште активно и сообраќајот е во целосен прекин каде е јавено свлечиштето.

Со нови информации ќе ве известиме во 16:00

Кичево : Во реонот на Општина Кичево денес е вклучена 1 градежна машина за расчистување на наврнатиот снег на правците према с. Јудово, Лавчани, Кнежино и манастирот Св. Пречиста.

Радовиш : Водостојот на територијата на Општина Расдовиш е во благо опаѓање освен на Крива Лакавица и на Радовишка река во подрачјето на селата Јаргулица, Покрајчево и Злеово се со висок водостој.Ангажирани се 2 градежни машини.

Гостивар: Во текот на денешниот ден две градежни машини работат на средување на речното корито на р. Бањешница која поминува во населбата Бањешница и поради стеснување на речното корито водата е излеана и поплавена е населбата.

Струмица: Водите во Општина Струмица се намалуваат денес, со 17 машини денес ќе се средуваат сите насипи.

Демир Хисар : р. Црна е зголемена и секој момент се очекува излевање на реката.

 

Вкупно ангажирани градежни машини 42:

Битола: 3 градежни машини- во општина Могила 1, во општина Новаци 1, и 1  во општина  Битола

Кичево: 1 градежна машина која работи на правецот од с. Јудово према манастирот Св. Пречиста

Штип: 1 градежна машина: Карбици-Козјачка река

Радовиш: 11 градежни машини –с. Воиславци 8 градежни машини, и с. Калуѓерица 3

Пробиштип: 4 градежни машини 2 кај мостот на село Трапатанци и 2 кај село Ратавица на Злетовска река

Струмица: 17 градежни машини 11 во с. Просениково, 6 градежни машини во општина Струмица

Кочани: 4 градежни машини- 1 градежна машина на Злетовска река кај с. Уларци, 1 машина кај Кочанска река кај с. Прибачево и 2 машини прават насуп на река Брегалница кај с. Кукучино

Охрид: 2 градежни машини ги чистат речните канали во  општина Струга

Гостивар: 3 градежни машини, работат на чистење на каналот во населба Бањешница

 Вкупно издадени вреќи до 06.02.2015 година -22.200

Ангажирани се 15 пумпи за исцрпување на водата во Битолскиот регион.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега