Запрено ширењето на најголемите шумски пожари во историјата на Колорадо

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пожарникари и војници на Националната гарда на САД успеаja да го спречат ширењето на огнот во Колорадо.

Помош во борбата со огнената стихија дадоа и временските услови, откако заврна пороен дожд.

- Секоја капка дожд им помогна на пожарникарите во нивната тешка задача, истакна претставникот на локалната противпожарна служба Брендон Хемптон, додавајќи дека до четврток се планира ситуацијата да биде целосно ставена под контрола.

Огнот досега уништи 473 куќи, две лица загинаа, а повеќе од 40.000 луѓе беа евакуирани.

Инаку, огнот беснееше една недела, а се смета за еден од најголемите во историјата на Колорадо.

ФОТО: Точка.мк

најчитано сега