Дождот не престанува - Македонија пред нов потоп

 

Времето  во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд особено околу пладне и попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега