Хрватите први се пријавија за помош на Македонија

 

Хрватска е прва од земјите во регионот, која објави апел за помош за македонските граѓани кои претрпеа огромни штети во поплавите кои ја зафатија нашата земја во последните неколку дена. Хрватите несебично се вклучуваат во помошта кон Македонија, помош која е добредојдена во овие тешки моменти и помош на која цела Македонија е благодарна.

Акцијата првично беше иницирана од македонските иселеници во Хрватска кои започнаа да собираат помош за поплавените во Источна Македонија

Поради поплавите во Источна Македонија (Општина Ново Село, Општина Карбинци, Општина Штип, Општина Чешиново-Облешево, кои се во најлоша состојба) Амбасадата на Република Македонија во Загреб собира помош за настраданите во поплавите.

Сите заинтересирани Македонци, како и хрватски граѓани доколку сакаат да помогнат, ја доставуваат хуманитарната помош во просториите на Амбасадата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

gragjani

Во Хрватска исто така има отворено и сметка за донации. Донации во финансиски средства се уплаќаат на

ХР2323600001501442004 Загребачка банка.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега