МВР денеска ги бира новите полициски возила
Во Министерството за внатрешни работи денеска ќе се одржи електронска аукција на која ќе се дознае кој ќе биде идниот добавувач на 100 возила во полициска изведба.
Министерката за внатрешни работи вчера изјави дека аукцијата следи откако Комисијата за јавни набавки при МВР завршила со оценката на пристигнатите понуди.
На тендерот понуди доставија четири компании - „Автонова“ понудила возило „ситроен Ц1Икс“, „Еуроимпекс“ возило марка „пежо 107 акцес“, „Порше Македонија“ доставила понуда за „шкода сити гоу“ и „Автомакедонија“ понудила „шевролет спарк“. Првичната понудена вкупна цена на возилата се движи од 47 милиони денари до 65 милиони и 800.000 денари.