ВИДЕО: Ќе ве расплаче- вистинска приказна за двете најубави екс-Ју балади
Две стари рок песни кои и ден денес се мега популарни настанале по вистински случки. Се работи за песната „Ту ноќ кад си се удавала“ од Прљаво Казалиште и „Бацила је све низ реку“ од групата Индекси.
Eдна од најголемите балади на Прљаво Казалиште настанала според вистинска приказна од која ќе се наежите.
Приказната зборува дека еден член на групата, Јасенко Хоура имал девојка, а кога тој заминал во војска, ја прашал дали ќе го чека. Таа одговорил потврдно. Но кога Јасенко се вратил од војска, групата имала закажано свирка на една свадба, тоа била нејзината свадба.
Во другата верзија од таа приказна, девојката кога го видела Јасенко си пукала во глава.
Другата песна „Бацила је све низ реку“ од групата Индекси, настанала поради легендарниот пејач Даворин Поповиќ.
Тој бил во голема љубов со една анонимна девојка од Сараево, но кога тие требало да се венчаат, таа абортирала и исчезнала.
После неколку години на концерт во Шведска, на Даворин му се причинило дека ја здогледал таа девојка. Го прекинал настапот, се симнал од сцената и отишол во публиката. За жал, Поповиќ не ја нашол и после никогаш не ја видел.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа