Колку што можете кријте се под сенка - утре нé очекуваат пеколни 36 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Температурата ќе се движи од 27 до 36 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала умерена облачност. Температурата ќе достигне до 34 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8. 

најчитано сега