Тешко на оние кои никогаш не биле поразени- поучна приказна

Поразени се оние кои не знаат за неуспех. Поразот прави  да ја изгубиме битката или војната. Неуспехот не ни дозволува да се бориме.

Поразот доаѓа тогаш кога нема да успееме во нешто што многу сакаме. Неуспехот не ни дозволува да сонуваме. Неговото мото е: “Немој ништо да поскаш и никогаш нема да патиш”.

На поразот му доаѓа крајот, кога ќе влеземе во нова битка.

Неуспехот нема крај: тоа е животен избор.

Поразот е за оние, кои иако исплашени, живеат со ентузијазам и верба.

Поразот е за храбрите. Само тие можат да се чувствуваат почестени поради загубата и радосни поради победата.

Не сум тука за ви кажам дека поразот е дел од животот, бидејќи сите ние знаеме. Само поразените ја познаваат љубовта. Бидејќи во царството на љубовта, сите ние сме ја воделе првата битка – и воглавно сме губеле.

Јас сум тука за да ви кажам дека постојат луѓе кои никогаш не биле поразени.

Тоа се оние кои никогаш не се бореле.

Успеале да ги избегнат лузните, понижувањето, чувството на незаштитеност и оние моменти во кои војниците се сомневаат во постоењето на Бога.

Тие луѓе со гордост может да кажат: “Никогаш не сум изгубил ниту една битка”. Меѓутоа, никогаш нема да можат да кажат: “Добив една битка”.

Но ним тоа не им е важно. Тие живеат во свет каде што веруваат дека се заштитени, ги затвораат очите пред неправедноста и страдањето, се чувствуваат безбедно, бидејќи не мора да се борат со секојдневните предизвици.

Никогаш нема да чуете:”Збогум” или “Еве ме, се вратив. Да ме прегрнеш на начин на кој прегрнува оној кој изгубил некого и повторно го пронашол”.

Тие ги учат своите деца: “Не влегувајте во конфликти, може само да изгубите. Чувајте ги вашите сомнежи за себе и нокогаш нема да имате проблеми. Ако некој ве нападне, не се навредувајте и не се обидувајте да му се осветите. Во животот постојат и други работи за кои треба да се грижите”.

Во тишината на ноќта ги водат своите замислени битки: неостварени соништа, неправдата за која се преправале дека не ја забележуваат, моментите на кукавичлак кои успеале да ги сокријат од сите, освен од самите себе.

И ветуваат: “Утре се ќе биде поинаку”.

Но утре доаѓа, а со него и прашањето што ги парализира:

“Што ако се тргне наопаку?”

Затоа ништо не превземаат.

Тешко на оние кои никогаш не биле поразени! Никогаш во овој живот нема да бидат ни победници!

Извор:Попара

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега