ВИДЕО: Како Емина Јаховиќ зборува турски?

Прекрасната Емина Јаховиќ е среќно омажена за една од најголемите турски музички ѕвезди, Мустафа Сандал, а со него има две синчиња Јавуз и Јаман.

Пејачката се пресели во Турција уште кога се омажи со Сандал, а набрзо започна и со изучување на турскиот јазик. И покрај тоа што играше и во една турска серија, ретко кој можеше да ја слушне како зборува на турски јазик.

Пред извесно време во јавноста излезе информација дека таа воопшто не го владее турскиот, па сега објави видео на Инстаграм на кое најверојатно се шегува со нејзините синови.

Слушнете и видете како тоа звучи ТУКА

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега