Која е најизведувана песна на аудициите на Х Фактор?
До неодамна тоа беше темата од „Титаник“, а членовите на жири комисиите ширум светот им се превртуваше во стомак кога некој повторно ќе ја одбереше „My heart will go on“ на Селин Дион.
На аудициите за втората сезона на балканскиот „Икс-фактор“ кои пред два дена започнаа во Скопје, кандидатите имаат нова омилена песна.
Како што велат од продукцијата, најизведуваната песна овие три дена е „All of me“ на Џон Леџенд.
Денеска караванот на шоуто е во Подгорица, а после Црна Гора аудициите продолжуваат во Хрватска.
Оцени ја веста
04.02.2015 - 14:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа