Сликата ужасна, целиот кревет бил со крв - водителот ја претепал Ана Марија?

 

Српскиот Водител Владимир Станојевиќ ја претепал својата девојка, познатата и неверојатно згодна фитнес инструкторка Ана Марија Жујовиќ. Како што пишува српскиот Курир, Владимир дошол дома пијан откако се забавувал во дискотека, и откако неговите прјатели наводно му ја наполниле главата дека неговата девојка го изневерува, влегол во нејзиниот стан додека спиела и ја претепал.

Извор за српскиот Курир вели дека Ана Марија била шокирана и бидејќи спиела, не знаела што се случува кога го видела бесниот Владимир и не можела да се брани. Креветот каде што спиела бил целиот крвав откако тој почнал да ја удира по лицето и главата.

Инструкторката веднаш отишла во болница каде и се констатирани телесни повреди.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега