Илјадници мачки живи закопани во Виетнам

 

Илјадници мачки кои биле прошверцувани од Кина, а полицијата минатата недела ги запленила како криумчарена стока, денеска биле живи закопани во близината на Ханој.

Виетнамските власти се одлучиле на овој потег поради тоа што полицијата не знаела што да им прави на запленетите мачки. Полицијата соопшти дека постапила според законот со кој се наложува криумчарената стока од животинско потекло, која не била во карантин, да се уништи.

Потегот предизвика протести од страна на здруженијата за заштита на животните и вон Виетнам.

Месото од мачки и кучиња се забранети за употреба во виетнамските ресторани, но јавна е тајна дека ова месо, кое во повеќе азиски држави се смета за специјалитет и еликсир се нуди во десетина ресторани во Ханој.

На улиците на Ханој ретко може да се видат кучиња и мачки. Сопствениците грижливо ги чуваат во своите домови поради страв дека тие по појавувањето надвор ќе бидат фатени и употребени како храна.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега