Никол го „откачи“ Луис Хамилтон
По седум години врска со повремени прекини се чини дека овојпат раскинувањето е конечно.
Познатата пејачка Никол Шерцингер го „откачи“ возачот на формула 1 Луис Хамилтон.
Се чини дека седмата година во врската навистина е критична, бидејќи шокантниот прекин дојде токму во седмата година од нивната врска.
Најверојатно, Никол одлучи да стави крај, бидејќи Луис одби да ја земе за жена и да основа семејство.
- Се караат со месеци, но сега работите станаа се полоши. На Никол и дојде преку глава, бидејќи Луис нема намера да се жени, открива извор за Дејли Мејл.
Двојката веќе неколку недели не е видена заедно во јавноста, а на неговиот Инстаграм профил стои нивна заедничка фотографија објавена пред еден месец.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа