Почина позатиот македонски писател Драган Илиевски
Друштвото на писателите на Македонија соопштува дека вчера во 53-та година од животот почина писателот Драган Илиевски.
Посмртните останки на Драган Илиевски ќе бидат погребани на градските гробишта во Куманово.
Илиевски е роден во Куманово во 1961 година. Својот работен век го помина во градската библиотека „Тане Георгиевски”. Член на ДПМ беше од 1998 година.
Toj зад себе остави раскажувачки опус во кој за одбележување се збирките раскази „Потковица и апокалипса”, „Креда” и „Двојна вратоврска”
Оцени ја веста
04.02.2015 - 12:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа