Минстерството за транспорт се подготвува за ново невреме: Војската и полицијата на готовс
Кооринативното тело известува повикувајќи се на онформации од УХМР дека нов бран врнежи се очекува утре во вечерните часови и во петок попладне после 14 часот. Имено поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд (локално над 25 л/м2) ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер.
Координативното тело исто така информира дека поради големото количество надојдена вода на река Црна поради рушење на 9-от канал и насипите, а со цел да не се поплави населеното место Новаци, денеска ќе се пресече Регионалниот пат 1311, делница р.Црна-Новаци.
Сообраќајот ќе се пренасочи према Новаци-Добромири-Горно Агларци-Дедебалци-Добрушево-Тополачани-Битола.
ж Координативното тело повторно упатува на следниве препораки:
·
градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
·
градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
·
градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
·
градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
·
континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
·
ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
·
сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
·
припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
·
возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
·
Апел до месното население да помага и да се активира.
Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа