Бујните гради повеќе не се популарни

 

Големите гради до неодамна беа најмногу барани од страна на жените, а мажите ги сметаа за привлечни, но повеќе не е така.

 

Претставници на британско здружение на пластични хирурзи тврдат дека се поголем број на жени сакаат помали гради и поприроден изглед. Побарувачката за големи гради во Велика Британија паднала за 23%. 

 

Многу познати личности пропагирале големи гради, но со текот на времето ја губеле љубовта кон големите гради.

Викторија Бекам ги заменила големите силикони со помали, исто како и британската старлета Кети Прајс. 

Жените испитаници потврдиле дека големите гради повеќе не им се привлечни, а мажите велат дека тие изгледаат премногу вештачки.

 

Како што велат тие, следува период кој промовира природен изглед, природни облини и природна убавина која за мажите и жените подеднакво е попривлечна од вештачката убавина и гради и задници зголемени со пластична операција.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега