АЛАРМАНТНО ВО БИТОЛА: Пробиен насипот на Црна Река - неколку села комплетно под вода

 

Територијата на Република Македонија во изминатиот период беше зафатена со врнежи од дожд кои на одредени места предизвикаа сериозни последици на  земјоделските површини, патиштата, мостовите и слично.

Подрачните одделенија на ДЗС континуирано ја следат состојбата, вршат увид на лице место во одредени потенцијални критични подрачја. Доколку има потреба ДЗС е подготвена да преземе соодветни мерки за заштита и спасување со ангажрање на тимовите за брз одговор и единиците за заштита и спасување од поплави, ставање во функционална употреба на пумпите за исцрпување на вода, обезбедување и поделба на вреќи за песок за правење одбрамбени насипи, ангажирање на градежни машини за интервенции на речните корита, расчистување на тесните грла околу мостовите и слично.

 

БИТОЛА: Состојбата во Битола е алармантна. Општините Могила и Новаци се под вода. На пет места е пробиен насипот на река Црна, водата неконтролирано истекува. Во општина Могила загрозени се Вашарејца и с. Ношпал, во оваа општина се ангажирани 2 багери. Во општина Новаци ПОЗС Битола од утрово вклучи уште 1 багер за помош за справувањето со поплави покрај 15 припадници кои се ангажирани од ПОЗС Битола. Во моментот се поплавени штали и куќи.

ШТИП: Водотеците на реките на територијата на општините Штип и Карбинци полека се нормализираат. Поради поплавување на бунарите за пиење вода, водата во Општина Штип се уште не е за пиење. Во Ново Село р. Брегалница е во рамките на своето течение и нема поплавување на куќи. Градежните машини се сеуште активни во санирањето на речните корита.

 

КОЧАНИ:-  Реките во општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево се во опаѓање освен р. Брегалница кое е на повисоко ниво но без опасност од излевање. Водата се уште не е за пиење.Мостот на р. Брегалница на потегот Кочани Зрновци е забранет за користење на мот. Возила. Градежната механизација која е ангажирана од ДЗС се уште е активна.

ПРОБИШТИП:- Реките во општина Пробиштип се во опаѓање во моментот се врши подготовка за транспорт на градежната механизација во с. Трипатанци за санирање на насипот од левата и десната страна на Злетовска река.

Дирекција за заштита и спасување вкупно има  ангажирано 56 градежни машини и тоа:

 

-3 градежни машини во Битола: во општина Могила-с. Лознани и с. Васарејца

-1 градежна машна во Куманово –Којнарскарека

-7 градежни машини во Штип-2 во Карбинци-Козјачка река, 3 во с.Лакавица и 2 во с. Пиперово

-2 градежни машини во Крива Паланка- Крива река и Дурачка река

-11 градежни машини во Радовиш-8 во с. Воиславци, 3 во с. Калуѓерица

-25 градежни машини во Струмица-9 со с. Просениково, 4 кај браната Турија,1 во с.Мемешли, 1 во с. Добрашинци, 2 во с. Пиперево и 4 во општина Ново Село

-4 градежни машини Пробиштип-2 кај мостот на с. Трапатанци и 2 во с. Ратавица на Злетовска река

 

- 3 градежни машини во Кочани- во Чешиново Облешево, 1 на Злетовска река, 1 на Кочанска река и 1 с. Чифлик

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега