Десет Украинци загинаа во сообраќајка во Русија

 

Десет лица загинаа во директен судар меѓу минибус и камион на западот од Русија, во близина на границата со Украина, соопшти руската полиција.

Како што пренесуваат француските медиуми, до сударот во Белгородската област, на околу 40 километри од границата си источниот украински Харковски регион, дошло кога минибусот со украински патници минал на спротивната страна од коловозот и директно се судрил со голем камион.

Во судирот загинале десет лица, вклучувајќи го и возачот на минибусот, додека шестмина други се повредени, изјави портпаролот на полицијата.

Неименуван полициски извор изјави дека минибусот патувал за украинската Луганска област, која е под контрола на тамошните проруски сили, како и дека сите патници биле државјани на Украина. 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега